• сабота, 21 декември 2024

Ристовски: Мора да се тргне во борба против корупцијата затоа што спортот секогаш бил најчистото нешто во општеството

Ристовски: Мора да се тргне во борба против корупцијата затоа што спортот секогаш бил најчистото нешто во општеството

Скопје, 11 декември 2024 (МИА) - Министерот за спорт Борко Ристовски денеска оствари средба со директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев и со помошникот директор во БЈБ за криминалистичка полиција, Илија Челшев Менис. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката меѓу Министерството за спорт и Министерството за внатрешни работи во борбата против корупцијата во спортот.

-Разговаравме за поблиска соработка на Министерството за спорт и Министерството за внатрешни работи во делот на спортот и спортските активности како и доближување и запознавање на младите со работата на полицијата преку нивните активности. Тема на денешната средба беше и борбата против корупцијата во спортот. Заеднички заклучок е дека мора да се тргне во борба против корупцијата затоа што спортот секогаш бил најчистото нешто во општеството и повторно мора да му го вратиме тој предзнак, истакна Ристовски.

Тој нагласи дека Министерството за спорт заедно со МВР продолжуваат со заеднички напори за зајакнување на довербата во спортските вредности. зс/

 

 

Остани поврзан