• петок, 14 јуни 2024

Речиси 200 невладини организации во Грузија најавија непочитување на законот за „странско влијание“

Речиси 200 невладини организации во Грузија најавија непочитување на законот за „странско влијание“

Тбилиси, 29 мај 2024 (МИА) - Речиси 200 грузиски невладини организации објавија дека одбиваат да го почитуваат законот за „странско влијание“, што вчера беше усвоен од Парламентот на иницијатива на владејачката партија и покрај масовните протести во државата.

„Рускиот закон нема да работи во нашата земја и ќе остане празно парче хартија што никој нема да го следи“, се вели во заедничката изјава на невладините организации.

Грузиската опозиција стравува дека тој закон ќе се користи за сузбивање на секое спротиставување на властите како што  е случајот со сличен руски закон, јавија западни медиуми. зш/

Остани поврзан