Речиси 180.000 жители во областа на Лос Анџелес се под наредба за евакуација
- Во округот Лос Анџелес сè уште има 179.783 жители под наредба за евакуација, изјави денеска шерифот Роберт Г. Луна.
Лос Анџелес, 9 јануари 2025 (МИА) – Во округот Лос Анџелес сè уште има 179.783 жители под наредба за евакуација, изјави денеска шерифот Роберт Г. Луна.
- Тоа се скоро 180.000 луѓе во округот Лос Анџелес кои моментално се под наредба за евакуација, а уште близу 200.000 жители се под предупредување за евакуација, рече Луна.
Предупредувањата за евакуација се совети за жителите да се „подготват“ да ги напуштат своите домови веднаш, појасни Си-Ен-Ен.
Шерифот рече дека одбивањето на некои луѓе да ги почитуваат наредбите за евакуација ги става во опасност животите на службениците за спроведување на законот.
- Не можам доволно да нагласам дека ги повикувам жителите од кои се бара да се евакуираат да ги следат нашите предупредувања, рече Луна. јт/