• недела, 14 јули 2024

Речиси 16.000 луѓе во Србија починале поради загаден воздух

Речиси 16.000 луѓе во Србија починале поради загаден воздух

Белград, 20 јуни 2024 (МИА) - Изложеноста на загаден воздух во Србија е причина за смрт на речиси 16.000 луѓе, а за децата на возраст под пет години тоа е втор водечки фактор на ризик за неухранетост, се вели во новиот извештај за квалитетот на воздухот во светот, ппренесе Бета.

Од вкупно 15.800 смртни случаи, 13.600 случаи биле поврзани со изложеност на PM2.5 честички, според извештајот за Состојбата со глобалниот воздух од независниот, непрофитен Институт за здравствени ефекти со седиште во Бостон.

Стандардизираната стапка на смртност од атмосферските честички PM2.5 во Србија, според податоците за 2021 година, изнесува 80 смртни случаи на 100.000 луѓе, што е повеќе од четирипати повисока од просекот на ЕУ (18 на 100.000). зш/

Остани поврзан