• сабота, 13 јули 2024

Активни пожарите на планините Серта и на Огражден, повторно во функција ер тракторите на ДЗС

Активни пожарите на планините Серта и на Огражден, повторно во функција ер тракторите на ДЗС

Скопје, 13 јули 2024 (МИА) - Во државата се уште се активни пожарите на планината Серта во Неготинско и во Штипско и на планината Огражден близу бугарската граница. Се интервенира од земја и од воздух при што покрај ангажирањето на армиски и на хеликоптери на МВР, по неколку месеци повторно се ставени во функција и Ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување откако се надмина проблемот со пилотите. 

Се уште гори на планината Серта во Неготинско, а Кризниот штаб на Општина Неготино синоќа излезе со препораки до домаќинствата во селата и во градот, задолжително да прават расчистување на тревните површини околу своите дворови, имотите и останатите подрачја.

- Апелираме до месното население за поголема ажурност , следење на упатствата и насоките од страна на МВР, да нема поголеми движења кон критичните места. Исто така, побарана е повторно до ЦУК и до  ДЗС воздухопловна поддршка за утрешниот ден, за да би можело да се изврши побрзо локализирање на пожарите, информираа синоќа од Штабот за заштита и спасување при локалната самоуправа.

Ова општинско тело формирано откако избувна големиот пожар, синоќа одржа состанок, а членовите на штабот биле запознати со состојбите на терен од страна на претставници на ЦУК, ДЗС, МВР. Се најавува дека утрово повторно ќе се гасне од земја и од воздух. 

Двајцата пилоти на Дирекцијата за заштита и спасување ги поминале процедурите потребни пред секое полетување и авионите ер трактори се упатени кон гаснење на пожарот во Неготинско, информира вчера за МИА директорот на ДЗС Беким Максути.

Според правилата пропишани од Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА), пилотите пред секој лет прават меѓусебна контрола за нивната психичка и физичка подготвеност.

Максути претходно за МИА појасни дека Дирекцијата не смее да лета со еден пилот, односно потребни се уште двајца пилоти, бидејќи, како што рече, едниот му е контролор, додека другиот ги проверува сите постапки дали се како што треба.

ДЗС вчера изуутрина, по неколкумесечната неизвесност за функционалноста на авио-одделението, потпиша договор со двајцата пензионирани пилоти на „Ер трактор“ со кој тие ќе бидат ангажирани до крајот на оваа година. 

Максути не сакаше да открие за колкава плата двајцата пилоти се вратени. Во разговор за МИА минатиот месец, рече дека за враќање на двајцата обучени пилоти, ДЗС бара од Министерството за финансии плата во висина од 300.000 денари, бидејќи работното место пилот во ДЗС со плата од 72.000 денари е неатрактивно.

Од пожарите активни се уште две жаришта од големиот пожар на планината Огражден, на територијата на Општина Ново Село, на македонско-бугарската граница.

Според информацијата од Центарот за управување со кризи (ЦУК), врз пожарот се дејствува на две жаришта кои се уште се активни, а беше најавено дека по 18 часот покрај полицискиот треба да се вклучи и армиски хеликоптер.

Од МВР соопштија дека полицискиот хеликоптер кој вчера учествуваше во гаснењето на пожарот на планината Огражден, на територијата на Општина Ново Село, во 30 налети исфрлил 45 тони вода

Поради тешко пристапниот терен полицискиот хеликоптер префрли и 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да почнат со гаснење од земја, а хеликоптерот продолжи да дејствува од воздух.

Во текот на вчерашниот неделен ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), добиени од институциите на Системот за управување со кри

-За време на дејствувањето, хеликоптерот во 30 налети исфрли 45 тони вода и заедно со пожарникарите кои беа на терен се дејствуваше да се спречи еден од краците на пожарот да навллезе во дабова и букова шума, наведуваат од МВР. 

Пожарот избувна во средата попладне на планината Огражден, над селото Бадилен во граничниот појас со Бугарија.

Според информацијата од ТППЕ Струмица, од пожарот зафатени се околу 20 хектари нискостеблеста дабова и борова шума.

Пожарот се гасне и од бугарската страна на границата и со градежна машина е направен пристапен пат за да може да се движи теренско против пожарно возило за да го гасне пожарот.

Нов пожар вчера избувна и на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце. Според информациите од градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, станува збор за пожар кој  е пријавен попладнето и не е поврзан со огнената стихија во Неготинско, а која исто така е на планината Серта, но од другата страна.

Пожар избувна на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце. Според информациите од градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, станува збор за пожар кој  е пријавен попладневно

-Во моментов на терен се пожарникари, доброволци и волонтери од месното население од село Драгоево. Станува збор за пожар кој е на непристипаен терен, а во моментов на самото место се над 30 луѓе, изјави синоќа Јорданов.

Тој посочи дека ноќта ќе се дежура од страна на пожарникарите и месното население, со  цел  пожарот да не се доближе до селото Драгоево. Јорданов најави дека уште рано наутро ќе бара интервенција за гаснење на пожарот од воздух.

Сезоната на летните шумски пожари започна со порастот на температурите. Во земјава поради високи температури кои се очекува на некои места да надминат 40 степени, до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност . вг/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан