• четврток, 21 ноември 2024

Патувачки интердисциплинарен и мултимедијален фестивал од 23 јули

Патувачки интердисциплинарен и мултимедијален фестивал од 23 јули

Скопје, 13 јули 2024 (МИА) - Патувачки интердисциплинарен и мултимедијален фестивал насловен „Културен амалгам“, ќе започне да се реализира од 23 јули, најавија денеска од Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје.

КИЦ го организира фестивалот во соработка со сродните културни центри од внатрешноста на државата. Проектот е поддржан од Министерството за култура.

- Во својата основа, овој фестивал има за задача да отвори врати кон вистинска и коренита децентрализација на културата во Македонија, преку поставување темели на соработка и градење на културна свест, во различни средини низ различни градови. Соработката на Културно информативниот центар - Скопје со останатите центри, преку меѓуинституционалниот и мултимедијален фестивал, треба да постави темел за понатамошно аплицирање на истиот и низ останатите градови низ Македонија, а по примерот на Скопје, Кратово, Крушево и Битола, што се предвидени за ова прво издание на фестивалот, појаснија од КИЦ. бд/бак/

Фото: КИЦ

Остани поврзан