• четврток, 06 март 2025

Реновирано Одделението за литература за деца во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Реновирано Одделението за литература за деца во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

Скопје, 16 ноември 2023 СООПШТЕНИЕ

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска заедно со директорката на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје, Снежана Стојчевска го отворија реновираното Одделение за литература за деца. Одделението е модерно уредено со елементи, книги и содржини кои ќе ја поттикнат детската желба за читање и креација, а е наменето за читатели од предучилишна и училишна возраст, односно за деца до 14 години.  

-Библиотекатата „Браќа Миладиновци“ е основана пред 78 години и голема радост за сите присутни е што денес го отвораме ова реновирано одделение за литература за деца, со што ја потврдуваме нашата грижа за најмладите кои се иднината на Македонија , истакнала градоначалничката Арсовска. 

Библиотеката за следната година предвидува отворање на катче со специјални изданија на Брајово писмо за слепи и слабовидни, како и изданија прилагодени за деца и лица со дислексија. Одделот за литература за деца во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје располага со книжен фонд од над 20.000 книги.

Град Скопје СООПШТЕНИЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан