• четврток, 21 ноември 2024

Ренар официјално нов селектор на француските фудбалерки

Ренар официјално нов селектор на француските фудбалерки

Париз, 30 март 2023 (МИА) – Францускиот стратег Ерв Ренар, кој на машкиот Мундијал во Катар ја предводеше Саудиска Арабија, е назначен за нов селектор на женската фудбалска репрезентација на Франција.

За 54-годишниот Ренар ова е прв ангажман во женскиот фудбал.

„По одличниот состанок на Извршниот одбор овој четврток, Француската фудбалска федерација (ФФФ) со задоволство го објавува назначувањето на Ерв Ренар за тренер на француската женска репрезентација до август 2024 година“, соопшти ФФФ.

Ренар ќе ја предводи Франција на женското Светско првенство од 20 јули до 20 август во Австралија и Нов Зеланд и на Олимписките игри идната година во Париз. ег/паг/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан