• среда, 26 јуни 2024

Рекордна деветта титула за американската гимнастичарка Бејлс

Рекордна деветта титула за американската гимнастичарка Бејлс

 

Форт Ворт, 3 јуни 2024 (МИА) – Американската гимнастичарка Симон Бејлс ја освои рекордната деветта национална титула во повеќебој на првенството на Соединетите Американски Држави во вчера се одржа во Форт Ворт, Тексас.

„Денеска целта беше едноставно да се чувствувам удобно и самоуверено во мојата сала за да се претставам и да го направам овој нов чекор кон Париз“, изјави Бејлс по натпреварувањето.

За да се пласира на Олимписките игри, четирикратната олимписка шампионка ќе треба да ги помине американските олимписки квалификации кои ќе се одржат од 27 до 30 јуни во Минеаполис.

Бејлс се врати во натпреварувачка конкуренција во август 2023 година по двегодишна пауза што ја зеде по повлекувањето од Игрите во Токио во 2021 година. ег ФОТО:Фејсбук

Остани поврзан