• петок, 12 јули 2024

Рекорден број на мигранти за еден ден го преминаа Ламанш кон Велика Британија

Рекорден број на мигранти за еден ден го преминаа Ламанш кон  Велика Британија

Лондон, 19 јуни 2024 (МИА) - Повеќе од 880 нерегуларни мигранти го преминаа Ламанш до Велика Британија со мали чамци во вторникот, соопшти денеска владата на Велика Британија, што е најголем број во еден ден досега оваа година.

Информацијата е во време кога политичките партии во Британија се борат за општите избори на 4 јули на кои имиграцијата е едно од главните прашања. Конзервативниот премиер Риши Сунак вети дека ќе ги „запре чамците“, но се соочи со пречки за неговиот план да ги депортира барателите на азил во Руанда.

Според привремените бројки на Министерството за внатрешни работи,вчера преминале  882 луѓе и вкупниот број за 2024 година е 12.313. Бројката годинава е за 18 отсто поголема од лани кога беа регистрирани 10.472 луѓе. зш/

Остани поврзан