• четврток, 22 февруари 2024

Рекорден број Американци патуваат за Денот на благодарноста 

Рекорден број Американци патуваат за Денот на благодарноста 

Вашингтон, 21 ноември 2023 (МИА) - Рекорден број Американци се очекува да патуваат по копно и во воздух во пресрет на Денот на благодарноста, еден од најважните семејни празници во САД кој се слави в четврток. 

Патувањата за време на празниците во САД се враќаат на бројките пред пандемијата на Ковид-19 и годинава за време на главните празници како Денот на независноста и Денот на благодарноста, патуваат рекорден број Американци. 

Според очекувањата на Управата за безбедност на сообраќајот денови со најмногу гужви ќе бидат вторник, среда и недела. 

Во аеродромите во САД денеска на безбедносни проверки се очекува да поминат 2.6 милиони патници, а во среда до 2.7 милиони. 

Сепак, денот со најголеми гужви ќе биде недела кога луѓето се враќаат од своите посети на роднини и пријатели и кога во аеродромите се очекуваат 2.9 милиони патници, што за малку ќе го надмине рекордот постигнат на 30 јуни. 

Според прогнозите на Американската автомобилска асоцијација, 55.4 милиони Американцие треба да заминат на патувања со кола на растојание од најмалку 80 километри од дома. 

Најмногу сообраќајни гужви по патиштата низ САД се очекува да има утре. кб/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан