• петок, 05 декември 2025

Реконструкција на повеќе улици во кумановското село Речица

Реконструкција на повеќе улици во кумановското село Речица

Куманово, 8 август 2025 (МИА) - Интензивно се спроведува реконструкцијата на улици во село Речица, кумановско, информираа денеска надлежните од општината.

- Во село Речица се изведуваат градежни работи кои опфаќаат: дотампонирање на коловозната површина, поставување на сиви бетонски рабници со димензии 20/24, корекција на нивелација кај постоечките шахти и поклопки од фекалната канализација. Работите се одвиваат со засилен интензитет, а целосното завршување се очекува до 18 август годинава. Ова е дел од нашата заложба за побезбедна, поурбана и пофункционална средина за жителите на Речица, соопшти кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Општината за реконструкција на улиците во ова населено место одвои над 16 милиони денари. Градежните активности на терен ги изведува кумановска компанија. Жителите на Речица, бараа санација на улиците, за побезбедно движење на пешаците.

Во Речица, село во северниот дел од Куманово живеат околу 500 жители. ам/вј/

Фото: Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан