Реконструиран патот што ги поврзува демиркаписките села Корешница и Челевец
- Петров подвлече дека со овој локален пат значително ќе се зголемат безбедноста и удобноста во сообраќајот, особено за локалното население, како и за сите оние кои го користат овој патен правец.
Демир Капија, 2 јули 2025 (МИА) - Реконструиран е патот што ги поврзува демиркаписките села Корешница и Челевец, информираше денеска градоначалникот на Демир Капија, Лазар Петров.
- Градежните активности за реконструкција на локалниот пат што ги поврзува селата Корешница и Челевец се завршени во предвидениот рок. Во оваа прва фаза беше предвидена реконструкција и рехабилитација на делницата со вкупна должина од 1.180 метри. Со подобрувањето на патната инфраструктура ги потврдуваме нашите заложби за развој на општина Демир Капија и населените места, бидејќи граѓаните на нашата општина заслужуваат политики што поврзуваат, соопшти тој.
Петров подвлече дека со овој локален пат значително ќе се зголемат безбедноста и удобноста во сообраќајот, особено за локалното население, како и за сите оние кои го користат овој патен правец.
- Им благодарам на моите сограѓани кои имаа верба, трпение и кои ни даваа поддршка целиот изминат период, за сите заедно да испишеме уште една успешна страница за развој на нашата општина. Нивните сугестии и барања за нас се предизвик, поттик за работа и многу реализирани проекти во иднина во интерес на сите нас, посочи градоначалникот на Демир Капија. свд/бд/
Фото: „Фејсбук“ на градоначалникот Лазар Петров