Реконструиран патот Мушов гроб - Конопиште, по 30 години прва сериозна реконструкција
- Заврши реализацијата на проектот за реконструкција на регионалниот патен правец Мушов гроб - Конопиште, во должина од 6,5 километри, соопштија денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Кавадарци, 24 октомври 2025 (МИА) - Заврши реализацијата на проектот за реконструкција на регионалниот патен правец Мушов гроб - Конопиште, во должина од 6,5 километри, соопштија денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- Целосната реконструкција на патот е реализирана во соработка со „Македонија пат“ и со одобрени средства од ЈПДП во висина од 60 милиони денари, појаснија од кабинетот на градоначалникот.
Како што додадоа, новата асфалтна површина следи по претходните активности, изведени во соработка со општествено одговорните компании „Кожувчанка“ и „Кодинг“, кои со своја механизација ги извршиле проширувањето на банкините, чистењето на канавки и изградбата на атмосферски одводи.
- По цели 30 години, ова претставува прва сериозна реконструкција на овој патен правец, нагласија од кабинетот на Јанчев. свд/
Фото: кабинет на градоначалник Митко Јанчев