• недела, 22 декември 2024

Резолуцијата на арапско- исламскиот самит во Ријад со силна осуда за војната на Израел

Резолуцијата на арапско- исламскиот самит во Ријад со силна осуда за војната на Израел

Ријад, 11 ноември 2023 (МИА) - Резолуцијата, која беше усвоена денеска на големиот регионален арапско-исламски Самит во Ријад, повикува на итен прекин на, како што наведува „израелската агресија врз Газа, како и на запирање на „воени злосторства и варварски, брутални и нехумани масакри“, пренесува американската телевизија Си-Ен-Ен.

Во соопштението за печатот се наведува дека Самитот го отфрла описот на оваа војна „како форма на самоодбрана“ и бара итен влез на конвои со хуманитарна помош, вклучувајќи храна, лекови и гориво.

Во Резолуцијата се повикува Меѓународниот кривичен суд да ги истражи наводните воени злосторства и злосторства против човештвото извршени од Израел против палестинскиот народ на сите окупирани палестински територии.

Ги повикува сите земји да престанат да извезуваат оружје и муниција во Израел што ги користи неговата армија и „терористичките доселеници кои убиваат Палестинци и ги уништуваат нивните домови“.

Во Резолуцијата се вели дека единствениот начин да се гарантира безбедност и стабилност за луѓето во регионот е „праведен, траен и сеопфатен мир“. ссм/

фото: ДПА

Остани поврзан