• петок, 22 ноември 2024

Ред Бул за 8 февруари закажа промоција на болидот за новата сезона

Ред Бул за 8 февруари закажа промоција на болидот за новата сезона

Рим, 11 јануари 2024 (МИА) – Формула 1 тимот Ред Бул има намера меѓу првите да го промовира болидот за сезоната 2024.

Според It.motorsport.com, шампионот во Формула 1 ја закажале промоцијата за 8 февруари, пред Ферари и Мерцедес. 

Сепак, новинарите се сомневаат дека Ред Бул повторно ќе демонстрира ревијален автомобил наместо вистински автомобил.

-Дали ќе биде кукла, како во последните години? Одговорот веројатно е „да“, со оглед на неуспешниот „краш-тест“, пишува италијанското издание.

Се наведува и дека ден претходно, на 7 февруари, Алпин ќе одржи голема презентација. Францускиот тим ќе го прикаже Ф1 болидот и финалната верзија на хиперавтомобилот А424 за Светскиот шампионат во издржливост (WEC). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан