• петок, 22 ноември 2024

Реднап: Ако Ливерпул не стане шампион, тоа ќе биде фарса

Реднап: Ако Ливерпул не стане шампион, тоа ќе биде фарса
Лондон, 12 април 2020 (МИА) - Поранешниот тренер на Тотенхем, Хари Реднап верува дека сезоната во англиските првенства од сите нивоа, суспендирана поради коронавирус, мора да биде завршена. - Понекогаш сме премногу нежни кон играчите. Велиме: „Не можат да играат толку многу натпревари. Тие можат. Овие момци се во форма. Во секој случај, тие повеќе би сакале да играат отколку да тренираат. Не гледам проблем во големиот број натпревари. Јас би сакал сезоната да се реши на терен. Ако Ливерпул не стане шампион, тоа ќе биде фарса, без разлика за кого навивате. Тие беа неверојатни, изјави Реднап. Ливерпул води во Премиерлигата со 25 бодови предност во однос на второпласираниот Манчестер сити. зс/

Остани поврзан