• петок, 10 мај 2024

Реал поуспешен од Далас

Реал поуспешен од Далас

Мадрид, 11 октомври 2023 (МИА) – Кошаркарите на мадридски Реал го совладаа синоќа пред своите гледачи во пријателски натпревар НБА лигашот Далас со 127-123.

Се играше во ревијален тон, а мадридската публика имаше можност да го поздрави словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, кој од редовите на Реал мина во Далас и стекна голема популарност како еден од најдобрите играчи во НБА лигата.

Дончиќ мина на паркетот само пет минути и за тоа време постигна девет поени, реализирајќи три тројки.

Втората ѕвезда на Далас, Кајри Ирвинг воопшто не се појави во редовите на НБА лигашот, кој имаше предност до последните четири минути, кога Реал направи пресврт, предводен од Факундо Кампацо.

Аргентинецот го заврши натпреварот со 20 поени, додека најефикасен во редовите на Далас беше Тим Хардавеј со поен повеќе. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан