• сабота, 21 декември 2024

Реакција од ПП Левица на седницата на Советот на Општина Аеродром

Реакција од ПП Левица на седницата на Советот на Општина Аеродром

Скопје, 30 септември 2024

 

На последната седница на Советот на Општина Аеродром градоначалникот Дејан Митевски, по веќе востановената пракса на неговиот претходник Тимчо Муцунски, шверцерски протна изградба на две нови висококатници во Аеродром. Имено, на само пет минути пред почетокот на седницата на дневен ред беа додадени ДУП И-09 и ДУП И–12 со кои е предвидена изградба на две нови станбени чудовишта, од 12 по ката, на потегот на булеварот Трета Македонска Бригада, кај населбата наречена „Табак Сити“. Овие бетонски ѕидови ќе го спречат струењето на воздухот, што дополнително ќе го зголеми веќе алармантното загадување.

Овие згради не само што ќе го уништат малку останатиот неизграден простор, туку ќе го задушат и онака загадениот воздух што секојдневно го вдишуваме.

ДУП-от И-09 и ДУП-от И-12 кои беа подметнати пред почетокот на седницата, не оставија простор истите да бидат разгледани од страна на советниците во општина Аеродром. Меѓу другото, Општината Аеродром успеала во рекорден рок само за еден ден да добие одобрување од Министерството за транспорт и врски, што највероватно е најбрзо одобреното барање во историјата на државата!!!

ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сѐ за да ги задоволи апетитите на градежната мафија, не покажувајќи ни најмала грижа за здравјето и иднината на своите сограѓани.

Кога Левица ќе дојде на власт ќе стави крај на сите штетни ДУП-ови, ќе ја запре неконтролираната бетонизација која се случува во Аеродром и ќе создаде услови за нормален и квалитетен живот за жителите од општината.

Со почит,

Левица ЛО Аеродром

Фото: Левица ЛО Аеродром

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан