• четврток, 15 февруари 2024

Реакција од „Лесја Украинка“ за најавената посета на Лавров на самитот на ОБСЕ во Скопје

Реакција од „Лесја Украинка“ за најавената посета на Лавров на самитот на ОБСЕ во Скопје

Скопје, 28 ноември 2023 (МИА) - Здружението на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ протестира во врска со најавената посета на земјата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој планира да учествува на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

- Иако од Владата тврдат дека доаѓањето на Сергеј Лавров во Скопје нема да значи неговото доаѓање во билатерална посета на Македонија, туку во земја домаќин на ОБСЕ, сепак сметаме дека во кое својство и да доаѓа шефот на надворешно политичка институција на Русија, најважно дека тој ја води институцијата на една терористичка земја која веќе скоро две години секојдневно уништува мирни населени места и врши геноцид на украинското население, се вели во пишаната денешна реакција од „Лесја Украинка“.

Посочуваат дека високо ја ценат досегашната помош и поддршка на Украина од страна на Република Северна Македонија на секое поле, но за нас, како што стои во нивната реакција, е неразбирлив и не е прифатлив аргумент дека владината одлука за прием на Сергеј Лавров е диктитрана со тоа што Македонија е претседавач на ОСБЕ и „треба да се направат разлики направиме меѓу билатералниот и мултилатералниот карактер на посетата, а Скопје е само местото каде ОБСЕ е овој пат“, а одлуката на македонската Влада е донесена според одлуката на ЕУ по однос на санкциите према Русија: „со исклучок на настани поврзани со ОБСЕ, со други меѓународни организации“. цр/лв/

Фото:МИА архива

 

Остани поврзан