• недела, 22 декември 2024

Реакција од Град Скопје на изјавата на Мицкоски на Топ Тема на ТВ Телма

Реакција од Град Скопје на изјавата на Мицкоски на Топ Тема на ТВ Телма

Скопје, 24 јануари 2024

 

Почитувани,


Жалиме што човек кој претендира на премиерската функција се уште не знае основни финансиски операции иако во јавноста сака да се претстави како економски експерт.


Христијан Мицкоски треба да знае дека во државните институции декемвриската плата се исплаќа во јануари. Во декември се исплаќа ноемвриската, а во ноември октомвриската. Токму затоа гласаа советниците за субвенции во ноември.


Што се однесува до износот на субвенциите, Мицкоски треба да биде чесен и да не ја штити владата на СДСМ и ДУИ кои веќе трета година не ги исплаќаат обврските за бесплатниот превоз и студентскиот стандард. Треба да биде чесен и да каже дека од 2002 година не е покачена цената на билетите, додека цената на енергенсите од тогаш е зголемена на 500%, а платите на вработените во ЈСП за 300%.


Град Скопје за прв пат по децении со сопствени средства ги финансира сите активности на ЈСП, со цел континуирано и непречено функционирање на јавниот градски превоз и покрај сите опструкции.


Срамот кој го доживеа ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје не се пере со ниту една лага или манипулација.


Со почит,
Одделение за односи со јавност
Град Скопје

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан