• недела, 22 декември 2024

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ

Скопје, 10 август 2024

Зошто СДС се плаши од одговорност за злоупотребите на ИПА фондовите? Злоупотребени се над 2.2 милиони евра.

Европската канцеларија за борба против измами - ОЛАФ бара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија поради злоупотреби на ИПА средства во време на СДС.

Имено Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија, согласно извештајот на ОЛАФ, на 30 ноември 2023 по маил доставил известување до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со барање за поврат на парите. Потоа до Агенцијата е доставен уште еден допис, дека решението е конечно. Власта на СДС и ДУИ немаше постапено. Зошто?

Дали власта на СДС и ДУИ криеле некој? Кој злоупотребил европски пари, а е важен за СДС? Кого штити СДС?

СДС треба да знаат дека одговорноста за се што правеле доаѓа многу брзо од денес. Никој нема да биде поштеден што злоупотребувал пари на граѓаните или пари од нашите меѓународни партнери наменети за народот и државата, кои наместо на право место завршувале во нечии џебови.


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан