• сабота, 21 декември 2024

Реакција на министерот за правда Кренар Лога на наводите на Димитар Апасиев

Реакција на министерот за правда Кренар Лога на наводите на Димитар Апасиев

Скопје, 21 јуни 2023

Откако се поклони на гробовите на Јосип Брзо Тито и Енвер Хоџа, следната дестинација за поклонување на Димитар Апасиев е гробот на Бенито Мусолини.

Господине Апасиев, наместо да се гордеете дека во изводот на родени ќе стои националност- Македонец/Македонка, Вие со својата деструктивна политика по секоја цена сакате да ги држите граѓаните во заблуда за свои политички цели.

Како ,,самопрогласен” борец на интернационалистите, Вие треба да водите грижа за сите граѓани и народи, рамноправно да се развиваат во својата држава.

Ако денеска сиромашниот македонец се потпишува како припадник на друг народ не заради добивање на извод туку поради бесперспективноста и блокадата, господине Апасиев Вие сега имате можност да ги поддржите уставните измени кои ќе ни го отворат патот во ЕУ и ќе ни овозможат подобра иднина на сите.
Ден поскоро во Европската Унија, значи СТОП на ДЕМАКЕДОНИЗАЦИЈАТА.

#СтопнаФашизмот
#СлободанаНародот

 

Министерство за правда

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан