• недела, 22 декември 2024

Реакција на изнесени ставови на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на изнесени ставови на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 1 април 2024

Писмена реакција на носителот на ИЕ 4, Венко Филипче, на интервјуто на Александар Николоски од ДПМНЕ

За очекување е дека Александар Николоски не може да разбере што значи кога луѓето се задоволни од твојата работа, тој впрочем никогаш ништо не работел. Откако на свои 24 години станал пратеник и политичар единствено заработувал од даноците на граѓаните и со друго не може да се пофали. Во дваесетина години колку што е во политиката никој не памти ниедно позитивно дело на Александар Николоски. Затоа не може да ја разбере поддршката која природно доаѓа од луѓе кои го ценат она што сум го сработил. Јас на почетокот на кампањата реков дека треба да го подигнеме нивото на комуникација, но очигледно Николоски нема капацитет тоа да го разбере. Александар Николоски е еден од најодговорните за директно лажење и манипулирање со граѓаните за време на Ковид кризата. Преку свесно плашење на и онака исплашените граѓани, тој имаше единствена цел политички да профитира. Е тоа е злоупотреба. Николоски е единствен политичар, кој ни помалку ни повеќе, го имаат демантирано Обединетите нации во неговиот занес на лаги. Додека ние секојдневно се обидувавме да ги смириме луѓето, додека со целиот тим во клиниките се боревме за секој живот, Николоски коваше планови како да смисли нова манипулација за прес-конференција. Тоа е неговиот придонес.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан