• четврток, 26 март 2026

Реакција на Движење ЗНАМ за Наша Македонија

Реакција на Движење ЗНАМ за Наша Македонија

Скопје, 25 септември 2025 (МИА) - Средствата за рекламирање за претстојните локални избори се распределени по упатството на АВМУ и насоките на ДИК. Се е транспарентно, по јасни правила и закони, а не по желби и апетити на алчни политичари, се вели во реакцијата на партијата ЗНАМ, што МИА ја пренесува интегрално.

Нема простор за плачење и театар.

Апасиев, „револуционер“ на фејсбук статуси, а во реалност евтин шибицар, 
денес држи лекции за правда.

Човек кој до вчера беше советниче со дебел хонорар во СЈО - институција 
чиј начин на работа создаде серија сомнежи и контроверзии, а денес 
својата партија ја третира како личен банкомат, како личен џеб, по 
принципот кога сакам - вадам, кога сакам - трошам.

Му порачуваме: Димитар Апасиев, пред да држиш лекции за правда, заврзи 
си го џебот – таму ти е единствената „револуција“, во парите што ги 
вадиш за себе и за дружината околу тебе.

Оди кај Венко Филипче, човекот со златна виза подготвен за бегство од 
државата и мераклија за јахти по Медитеранот.
Ти и тој сте совршен тандем, еден краде од здравството, друг краде од 
сопствената партија.

И двајцата на крајот ќе завршите на поклон и баци рака кај вашиот газда 
Али Ахмети, таму каде што секогаш завршуваат продадените души.
Народот гледа.
И знае.

Центар за комуникации и аналитика на ЗНАМ

Остани поврзан