• понеделник, 23 декември 2024

Реакција на градоначалникот на Струмица на прес конференцијата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство

Реакција на градоначалникот на Струмица на прес конференцијата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство

Струмица, 4 октомври 2024 (МИА) - Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов во денешната реакција на прес - конференцијата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, вели дека очекувал да биде понудено решение за проблемот на брана „Турија“ и ситуацијата со водата во браната но, како што додава, наместо тоа тие го нападнале него.

-Кога видоа дека не можат да не разбијат локално, се собраа шест институции да го урнат Костадинов. Искрено очекував дека денеска ќе се понуди решение за проблемот на брана „Турија“ и ситуацијата со водата во браната, но наместо тоа тие со нов напад кон мене! Правам се што е возможно да ги донесам неспособниот министер да седне на маса и да даде одговор што понатаму, а тој излезе на прес конференција во која секој втор збор е Костадинов, стои во реакцијата на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на прес конференцијата на министерот Трипуновски.

Понатаму во реакцијата се додава:

-Зошто министре се плашиш од Костадинов? Зошто не излезе со анализи и бројки за водата? 100 дена нов министер за мемјоделство, шумарство и водостопанство, 100 дена изговори и бегање од одговорност. Оваа војна против мене драги институции ќе ја изгубите, оти ова не е војна со Коста Костадинов, ова е војна против Струмица. Ако некој досега имаше дилеми дали ќе се повлечам, еве го одговорот: Така мотивиран не сум бил никогаш да се спротивставам на неправдата, на фашистичкиот наратив на министерот за земјоделство, на одредени локални транзициски профитери вгнездени во светото вмро, свесно злоупотребувајки го и дпмне. Ова е мотив и силен порив за мене и мојот тим, од прв до последен, заедно со секој еден разумен, рационален човек, да се борам за слободна Струмица! Продолжуваме одлучно, храбро и жестоко против фотељашите, напиша во реакцијата Костадинов, која ја објави на својот фејсбук профил. рт/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан