• недела, 22 декември 2024

Реакција на градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски на нападите од градот Скопје

Реакција на градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски на нападите од градот Скопје

Скопје, 25 октомври 2024

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ги коментира нападите кон него од страна на градот Скопје и градоначалничката Арсовска, рече дека избегнува да ја коментира и дека таа е завршена приказна за скопјани:

- Избегнувам да ја коментирам Арсовска искрено, бидејќи сметам дека е завршена пријазна за Скопје и скопјани. Го видовме нејзиниот потенцијал и она што го направи во Скопје. Јас повеќе сум фокусиран на барање решенија и алтернативи за година дена од сега и начини како би го решавале транспортот во градот, како би ја средувале хигиената, какви проекти му недостасуваат на Скопје и што ќе треба да преземеме во тој дел, така да повеќе сум фокусиран на тоа прашање на перспективите и иднината на главниот град, отколку на политиканството на Арсовска, истакна Ѓорѓиевски за ТВ Сител.

Општина Кисела Вода

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан