• петок, 22 ноември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Мартин Костовски

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Мартин Костовски

25 ,март 2024

ВМРО-ДПМНЕ е партија која се што ќе вети и исполнува. Граѓаните знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе вети проект тој и го реализира.

Автопатот Миладиновци - Штип, автопатот Смоквица - Демир Капија се доказ за тоа.

Новите експресни патишта како Велес - Штип и Штип - Радовиш, но и експресниот пат Штип - Кочани кој беше испроектиран и почнат во време на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за работата која следува по 8-ми мај.

СДС се неспособни две згради за факултети во кампусот на УКИМ кои ВМРО-ДПМНЕ им ги остави на ниво на карабини не можат 7 години да ги завршат.

7 години се на власт, 600.000 граѓани живеат на раб на сиромаштија. Буквално секој трет граѓанин живее со 150 денари на ден.

Додека земјите од регионот имаат над 50% раст на БДП од 2017 до 2023, Македонија има само 20%.

Една странска инвестиција не донесоа, напротив се фалат со тие кои ги донесе ВМРО-ДПМНЕ. Најавија фабрика за електрични автомобили во Тетово, а компанијата со која така помпезно се фалеа банкротираше.

2 километри автопат кон Блаце не можат да изградат со години, автопатот Кичево - Охрид кој им го остави ВМРО-ДПМНЕ не е мрднат од позициите како што беше пред доаѓањето на СДС.

СДС не планира ништо да направи, ниту имаат капацитет за тоа, а тоа го видовме изминативе 7 години.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан