• петок, 09 август 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Даниела Николова од СДСМ

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Даниела Николова од СДСМ

9 август 2024 

СДС зборува за уништување на образованието, а тие се оние кои со своите експерименти го уништија

СДС зборува за уништување на образованието, а тие се оние кои со своите експерименти го уништија истото.

СДС не обезбеди нешто што е основно за ученците, а тоа се учебниците.

СДС воведе нереални програми во образованието и нереално спојување на предмети како историја и географија.

СДС воведе пролетен распуст, а со истиот направи да имаат главоболки сите и деца и родители и наставен кадар.

СДС не ја подобри инфраструктурата во училиштата, нема ништо од дигитализација, да не зборуваме за подобрување на статусот на наставниот кадар.

СДС воопшто не обезбеди средства за наука.

СДС само доведе според резултати на меѓународни тестирања на знаење на учениците да сме на ранг со земји од третиот свет. 

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан