• недела, 22 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Стево Пендаровски во Тема на денот на ТВ Сител

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Стево Пендаровски во Тема на денот на ТВ Сител

Скопје, 18 август 2023

Наместо да се тресе од нервоза и да лаже по интервјуа, Пендаровски треба да се соочи со фактот дека над 80% од народот е против уставни измени под бугарски диктат. Народот не го плаќа да глуми ароганција, туку да ги штити националните и државните интереси.

Да беше кадарен немаше да дозволи Македонија да влезе во замката на Бугарија во која или бесконечно ќе преговараме или асимилација.

Разбираме дека Пендаровски се обидува да им се „потпикне" на СДС и ДУИ за да го кандидираат пак за Претседател, па затоа користи ваква реторика. Но кога веќе народот го помножува со нула, што ли ќе прави Пендаровски ако СДС го извиси? Дали можеби планира да ја оствари својата намера и да се отсели од Македонија?

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан