• недела, 17 ноември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Ковачевски за ТВ21

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Ковачевски за ТВ21
7 октомври 2022 

Почитувани,

Вечерва дезертерот Ковачевски се расфрлаше со празни зборови и популистички мерки.

Додека граѓаните оставуваат без своите работни места, не знаат како да го истераат месецот, а инфлацијата вртоглаво расте, дезертерот Ковачевски лета во облаци.

Ниту едно интервју нема да ги затскрие криминалите на Ковачевски, ниту ќе се заборави аферата „Броило“.

Додека соларниот картел млати милиони, народот плаќа скапа струја, која СДС ја накачи за 30% за домаќинствата, а до 2.5 пати за компаниите.

Над половина милион граѓани не знаат како да си ги платат сметките, ама соларниот картел сврте 26 милиони евра.

Ковачевски нема никаков план за иднината на Македонија. Негов единствен план е како да се задржи ден повеќе на власт.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан