• четврток, 26 март 2026

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Ангелковска од СДСМ

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Ангелковска од СДСМ

15 јули 2025

За СДС училишните клупи беа место за партиска пропаганда

Кога станува збор за партизација на институциите, СДС прво нека се погледне себеси.

Кога сме кај партизација на образованието, внимателно да се погледне оваа снимка на партиски собир на СДС во основно училиште во Банско.

Партиските  функционери на СДС организираа партиски настани во основи училишта.

СДС ги претвори училишните клупи во место за партиска пропаганда.

Наследството во образованието што го оставија СДС и ДУИ беше катастрофално, образованието беше во длабок минус, учениците беа оставени без учебници, наставниот и стручниот персонал беа без достоинствени примања, а образовната инфраструктура беше запоставена.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми платите за над 12 проценти, се градат факултетски објекти и има зголемени стипендии. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува во образованието.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан