• петок, 14 март 2025

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ: Во недостаток на теми, опозицијата отвора теми за набавки во Владата

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ: Во недостаток на теми, опозицијата отвора теми за набавки во Владата

Скопје, 8 март 2025 (МИА) 

Во недостаток на теми и продуктивни дискусии и за да ја затскрие својата дезориентираност и изгубеност опозицијата отвора теми за набавки на Владата кои автоматски и вообичаено се правеле во деведесеттите

Венко Филипче и СДС кои се целосно дезоириентирани и се фаќаат за минорни теми.

Венко Филипче и СДС кои за седум години мандат местеа само тендери, се интересираа како да стават во свој џеб најдоа да се занимаваат со небитни набавки.

За време на мандатот броевме починати од изгорени болници, броевме починати поради здравствениот систем кој Филипче секојдневно го уништуваше.

Филипче и раководството на партијата треба да седнат и да размислат каква партија сакаат, дали би продолжиле повторно да го крадат и умираат народот секоj ден Македонија.

Ова се теми на кои одговoр нема ниту Филипче, ниту раководтсвото. Ако час поскоро не одлучат што би правеле и што сакаат реално, а не декларативно толку полошо за нив.

ВМРО-ДПМНЕ контиуирано работи за добро на граѓаните и за добро на Македонија. Ова го покажуваат инвестициите во општините, стопанството.

Време е СДС и Филипче да се освестат. 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан