• среда, 29 јануари 2025

Реакција на Бошњачкиот демократски сојуз за посетата на претседателот на Република Српска, Милорад Додик

Реакција на Бошњачкиот демократски сојуз за посетата на претседателот на Република Српска, Милорад Додик

Скопје, 28 јануари 2025 

Додик ја посети Северна Македонија за да ѝ „помогне“ во евроинтеграцискиот процес како што и „помогна“ на Босна и Херцеговина.

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ  во Владата на Република Северна Македонија денес оствари средба со Милорад Додик во просториите на министерството кој е на црната листа на САД поради неговите геноцидни политики и корупција.

Ова е огромен удар за угледот на нашата земја во меѓународната заедница со што се поставува прашањето дали оваа Влада воопшто негува европски вредности во контекст на почитување на човековите права и слободи и цивилизациски вредности утврдени со меѓународните акти,  врз основа кои се осудени одредени лица а со чија  глорификација  и говор на омраза Додиќ направи и се уште ја одржува својата  политичка кариера!  

Ова сериозно ја доведува во прашање нашата стратегија за европска интеграција и меѓународните односи.


Бошњачки демократски сојуз
_____________________________________________________




МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан