• недела, 22 декември 2024

Реакција на АА за укинувањето на „балансерот“

Реакција на АА за укинувањето на „балансерот“

9 октомври 2024 

Вазалитетот на албанските партии во Владата ги поттикна судиите да го укинат Балансерот

Одлуката на Уставниот суд за укинување на Балансерот е само потврда за антиалбанската политика на нелегитимната Влада. Со оваа одлука се докажува и покорноста и сервилноста на албанските партии во Владата кон ВМРО, ЗНАМ и Стоилковиќ кои уште од првите денови на Владата почнаа со реализација на проектот за деалбанизација на државата.
Покорувањето на вазалите во оваа Влада ги надмина дури и очекувањата на нивните господари. Времената мерка воведена пред неколку недели беше само мерење на пулсот, дали ќе има реакција и последици од албанските партнери во Владата. Но, неодговорното однесување и често образложението на одлуката, од страна на претставниците на ВЛЕН, ги тешеше сите заинтересирани фактори за укинување на Балансерот.

Алијанса за Албанците 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан