Расчистени десет кривични дела, приведениот ги признал кражбите
- Во Полициската станица Радовиш вчера е задржан С.Р.(21) од Радовиш, кој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела на подрачјето на Радовиш

Скопје, 29 септември 2023 ( МИА) - Во Полициската станица Радовиш вчера е задржан С.Р.(21) од Радовиш, кој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела на подрачјето на Радовиш.
Како што соопшти МВР, тој признал дека извршил девет кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“.
По целосно документирање на случаите, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. љм/цр
Фото: МИА архива