Расчистена тешка кражба на дрзок начин во Битола
- Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вчера го лишиле од слобода В.А.(43) од Битола, а на службен разговор го повикале неговиот малолетен син.
![Расчистена тешка кражба на дрзок начин во Битола](https://mia.mk/images/20230806094428_big_730x400_14.webp )
Скопје, 6 август 2023 (МИА) - Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вчера го лишиле од слобода В.А.(43) од Битола, а на службен разговор го повикале неговиот малолетен син.
-Имено, околу 09:20 часот на ул.„Мирка Гинова" во Битола малолетникот со употреба на сила одзел паричник од А.И.(70) од Битола, а тој се сомничи дека го поттикнал да го изврши делото. Набргу, по преземени мерки тие биле пронајдени и со нив бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Битола. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. дма/
Фото:МИА архива