• вторник, 23 април 2024

Расчистена кражба во Гостивар

Расчистена кражба во Гостивар

Скопје, 28 март 2024 (МИА) - Полицијата вчера ја лишила од слобода 47-годишната С.Ѓ., која непосредно пред тоа во трговски објект на улицата „Илинденска“ во Гостивар одзела неколку предмети.

Како што информира денеска МВР, одземените предмети биле вратени во објектот.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава за С.Ѓ. мд/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан