• недела, 22 декември 2024

Расте невработеноста во Јужна Африка пред најнеизвесните избори во последните 30 години

Расте невработеноста во Јужна Африка пред најнеизвесните избори во последните 30 години

Кејптаун, 20 февруари 2024 (МИА) - Стапката на невработеност во Јужна Африка достигна 32,1 отсто во четвртиот квартал од минатата година и е највисока во светот, се вели во официјалниот извештај на Владата на таа земја објавен денеска.

Во извештајот се наведува дека бројот на невработени работоспособни луѓе во Јужна Африка се искачи на 7,9 милиони откако уште 46.000 останаа без работа во последните три месеци од 2023 година.

Невработеноста кај населението на возраст меѓу 15 и 24 години на крајот на минатата година изнесуваше дури 59,4 отсто.

Како што пренесуваат странските агенции, тоа е голем удар за владејачкиот Африкански национален конгрес (АНЦ), кој се соочува со најнеизвесните избори откако дојде на власт во 1994 година, на првите демократски избори по падот на апартхејдот.

Прашањето за високата невработеност се очекува да биде клучно на претстојните избори, чиј датум се уште не е одреден, но според законот мора да се одржат меѓу мај и август годинава.

Поддршката за АНЦ постепено се намалуваше во текот на изминатите 30 години, најмногу поради нејзиниот неуспех да обезбеди работни места, домување и други услуги за милиони сиромашни луѓе. паг/

Фото: МИА архива


 

 

Остани поврзан