• среда, 30 октомври 2024

Расте бројот на загинати од израелскиот напад врз либанскиот град Сидон

Расте бројот на загинати од израелскиот напад врз либанскиот град Сидон

Бејрут, 29 октомври 2024 (МИА) – Бројот на загинати од израелски воздушен напад врз стан во предградие на либанскиот пристанишен град Сидон се зголеми на пет, соопшти Министерството за здравство на земјата.

Се додава дека во нападот се ранети 33 лица, пренесе ДПА.

Напорите за отстранување на урнатините се во тек, соопшти Министерството.

Во нападот е погодено предградието Харет Саида Сидон, околу 40 километри јужно од главниот град Бејрут.

Либанската државна Национална новинска агенција (ННА) јави дека спроти местото каде што се случи нападот има комплекс на згради што му припаѓа на Хезболах. јт/

Фото: Х скриншот

Остани поврзан