• недела, 04 август 2024

„Распеани штипјани“ со концерт на Штипско културно лето

„Распеани штипјани“ со концерт на Штипско културно лето

Штип, 12 јули 2024 (МИА) - Во рамките на Штипско културно лето (ШКЛ) во понеделник со почеток во 20 часот, Здружението на граѓани „Распеани штипјани“ ќе одржи целовечерен концерт во просториите на Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ во Штип.

Претседателот на Здружението „Распеани штипјани“, Андон Караколев денеска изјави дека концертот е посветен на нивен некогашен член, кој дал свој придонес во здружението во изминатите 40 години.

- Ги поканувам сите љубители на староградската песна да дојдат на нашиот концерт и да напоменам дека овој концерт го посветивме на наш член Љупчо Николовски, кој активно работеше со нас 40 години, вели Караколев

Тој истакна дека на концертот дел од песните се и штипските староградски песни.

-Ќе се претставиме претежно еден блок со стари штипски песни староградски, кои многумина ги имат испеано на серенади, на седенки и нешто од новите компонирани, но сепак се во рамки на староградските песни. „Марето Нацева“, „Запеј песно мори моме, изјави Караколев.

Штипско културно лето продолжува со настани до крајот на јули, а во рамки на 39.издание има 16 содржини, кои се реализираат низ културните институции во Штип. вдј/бт/

Фото:МИА

Остани поврзан