• понеделник, 02 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Расел во преговори со Ред Бул

Расел во преговори со Ред Бул

Милтон Кинс, 22 април 2025 (МИА) - Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, започнал неформални разговори со Ред Бул, објави веб-страницата „Рејс“. Контактот на возачот бил директно со тимскиот шеф, Кристијан Хорнер, но според упатените, повеќе се работело за истражување на ситуацијата и „истражување на теренот“, а вистинските преговори се уште не се започнати.

Ред Бул продолжува да истражува како ќе се развива пазарот на возачи, особено ако се има предвид дека иднината на Макс Верстапен со тимот останува нејасна, иако тој има договор до крајот на 2028 година. Но, Макс има и опција за предвремен раскин, иако шефот на Ред Бул, Оливер Минцлаф, рече дека светскиот шампион сигурно ќе остане до 2026 година.

Во исто време се веруваше дека Мерцедес е подготвен да му понуди нов договор на Расел, па дури се појавија информации за неговиот рок, како и парите што Британецот ќе ги добие според новиот договор.

Ќе биде интересно да се види кои ќе бидат следните потези на големите играчи на пазарот, бидејќи тоа се очекува да се случи во мај-јуни, кога преговорите на Расел со Мерцедес ќе влезат во одлучувачка фаза и Макс ќе биде во периодот во кој ќе може да ја активира клаузулата за предвремено ослободување. дс

Фото: Архива

Остани поврзан