• четврток, 19 декември 2024

Раноградинари од Банско им се заблагодарија на институциите за отворање на пазарите

Раноградинари од Банско им се заблагодарија на институциите за отворање на пазарите
Струмица, 1 април 2020 (МИА) - Ние, раноградинарите од село Банско, Струмичко, сакаме да им се заблагодариме на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, локалните самоуправи и Министерството за економија за брзата реакција и реализирањето на нашите барања и предлози со отворањето на пазарите и со олеснувањето на транспортот помеѓу градовите во земјава. Со тоа нашите раноградинарски производи ќе бидат подостапни за потрошувачите и по цена која ќе биде поблиска до откупната, напишаа денес градинарите во јавната благодарност испратена до медиумите. -Посебна благодарност сакаме да упатиме до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, како за брзиот одговор, така и за неговиот коректен однос до нас.Тој се јави лично за да добие дополнителни информации, притоа давајќи ни до знаење дека ќе направи се што е во негова моќ да ни помогне да дојдеме до услови, кои можат да не извлечат од оваа криза, додаде Љупче Димитров, раноградинар од село Банско. Инаку, пред два дена раноградинарите од овој дел на Струмичкиот регион побараа од надлежните институции и локалните самоуправи да ги разгледаат можностите за продолжување со работа на пазарите под посебни услови кои ги налага моменталната ситуација за да можат да ги продаваат своите производи. рт/ир

Остани поврзан