• вторник, 22 октомври 2024

Рама продолжува со средбите со албанската дијаспора, на 26 во Њујорк

Рама продолжува со средбите со албанската дијаспора, на 26 во Њујорк

Тирана, 22 октомври 2024 (МИА) - Албанскиот премиер Еди Рама најави дека продолжува со средбите со албанската дијаспора, што ги почна во мај годинава.

Првата средба беше  во Атина на 12 мај, по што на 26 истиот месец  во Милано. Следната средба ќе биде во Њујорк на 26 месецов под мотото " Горд за Албанија". Повторно средба има со  албанската дијаспора во Грција, но овој пат во Солун на 3 ноември во хотелот „Порто Палас“.

Вакви средби планирани се да се одржат во Лондон и Минхен.

Како што и претходно кажа средбите се дел од напорите на неговата влада за одржување контакти со албанската дијаспора. Покрај другото ќе стане збор  и за начинот на гласање на дијаспората, што ќе се случи за првпат на парламентарните избори што во Албанија ќе се одржат на пролет. 

Според медиумите, Рама се обидува да ја обезбеди поддршката за победа на изборите и четврт негов мандат како премиер.

Социјалистите на Рама на власт се од 2013 година. вт/ссм/

Остани поврзан