• недела, 22 декември 2024

Рама: Албанија нема да зазема страна во спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија

Рама: Албанија нема да зазема страна во спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија
Софија, 8 јуни 2021 (МИА) - Премиерите на Бугарија и Албанија разговараа за билатералните односи и актуелните прашања од европската агенда на Албанија и патот на Албанија кон ЕУ, како и можностите за понатамошна соработка од заеднички интерес во голем број сектори како што се економијата, земјоделството, рударството, енергијата и високата технологија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, односите меѓу Бугарија и Албанија се развиваат на добар начин, смета бугарскиот премиер Стефан Јанев. -        Немаме отворени прашања, изјави премиерот на Бугарија Стефан Јанев на прес-конференцијата по средбата со албанскиот премиер Еди Рама. Според Јанев, билатералните прашања не треба да се решаваат на меѓународно ниво. -        Рамковниот став за Република Северна Македонија е оној што Софија го брани. Проблемите со Македонија може да се решат само на билатерална основа без мешање, изјави бугарскиот премиер Стефан Јанев. Според албанскиот премиер соработката меѓу Албанија и Бугарија, нема никакви проблеми. -        Ние ќе ги почитуваме сите пријателски земји, Бугарија и Република Северна Македонија треба да ги решат проблемите. Другите не можат да го заменат она што двете земји треба да го направат. Бугарија како членка на ЕУ е зрела и има сè и се сеќава кога беше во поинаква позиција, изјави албанскиот премиерот Еди Рама во Софија. Рама, посочи дека Албанија не зазема страна во спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. -        Се надеваме и ги поддржуваме двете земји - Република Северна Македонија и Бугарија да разговараат и да го решат меѓусебниот проблем. Се разбира, ЕУ прави големи напори, но тоа зависи од Бугарите и Македонците. Не можам да заземам страна, за да не се усложнат уште повеќе работи, изјави Рама. нк/аа/

Остани поврзан