• петок, 22 ноември 2024

Најмалку шест ранети Палестинци во израелска акција во Рамала

Најмалку шест ранети Палестинци во израелска акција во Рамала

Рамала, 8 јуни 2023 (МИА) - Најмалку шест лица се примени во болница, од кои три со прострелни рани, откако израелските сили отвориле оган врз палестинските млади лица, кои врз нив фрлале камења за време на израелска операција во палестинскиот град Рамала, на окупираниот Западен Брег.

Сведок за британските медиуми кажа дека голем израелски воен конвој рано утринава пристигнал во центарот на Рамала, седиштето на палестинската Влада, што предизвикало стотици Палестинци да се соберат во ова подрачје.

Израелските сили, за кои се вели дека се во операција за уривање куќа во Рамала, истрелале боева муниција, шок-бомби и солзавец врз толпата палестински млади момчиња кои врз нив фрлале камења, изјави сведок, додека видеата објавени на социјалните мрежи, наводно, покажуваат како врз израелските сили се фрлани Молотови коктели.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека најмалку шест лица се префрлени во болница, од кои тројца се здобиле со прострелни рани. сд/

фото: архива

Остани поврзан