• сабота, 23 ноември 2024

Ракописи со стихови на Дејвид Боуви одат на аукција, цена: 115.000 евра

Ракописи со стихови на Дејвид Боуви одат на аукција, цена: 115.000 евра

Њутн-ле-Вилоус, 27 ноември 2023 (МИА) - Ракописи на Дејвид Боуви со стихови на две негови песни би можеле да достигнат цена од 115.000 евра на претстојното наддавање закажано за утре, соопшти аукциската куќа „Омега окшнс“ од Њутн-ле-Вилоус, Велика Британија.

Листовите хартија содржат нацрти, исправки и белешки на покојниот пејач од пишувањето на „Rock n' Roll Suicide“ и „Suffragette City“. Тие две песни се дел од албумот „The Rise and Fall of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars“ од 1972 година. На аукција пред извесно време се продаде страница од рачно напишаните стихови на Боуви на неговиот хит „Starman“ за повеќе од 190.000 евра.

Листовите со песните на Дејвид Боуви, се проценети на 57.000 до 115.000 евра. Боуви, инаку, почина од рак на црниот дроб на 69-годишна возраст во јануари 2016 година.

Наддавањето ќе вклучува и „песнарка“ што му пррипаѓала на Ноел Галагер од „Оазис“, и содржи стихови на „She's Electric“, „Going Nowhere“, „Step Out Tonight“, „Rockin' Chair“ и „Champagne Supernova“. Ќе се продава и страница со рачно напишани стихови од пејачот на „Дорс“ - Џим Морисон, како и гитари, засилувачи и ракописи од разни музичари.  си/ссм/

Остани поврзан