Ракометарките на Унгарија го освоија бронзениот медал на Европското првенство
- Ракометарките на Унгарија го освоија бронзениот медал на Европското првенство, откако ја совладаа Франција во мечот за третото место во Виена со резултат 25:24.

Виена, 15 декември 2024 (МИА) - Ракометарките на Унгарија го освоија бронзениот медал на Европското првенство, откако ја совладаа Франција во мечот за третото место во Виена со резултат 25:24.
Кај унгарскиот тим најефикасна беше Катрин Клујбер, која постигна девет гола.
Во француската репрезентација најдобри беа Полета Фопа, Естел Нзе Минко и Грас Зади кои по четири пати се запишаа во листата на стрелците. дс
Фото: Принтскрин