Руски гигант го сака Абрахам во своите редови
- Зенит упатил понуда од 20 милиони евра за напаѓачот на Рома, Тами Абрахам, објави Џанлука Ди Марцио.
Санкт Петербург, 28 јуни 2025 (МИА) - Зенит упатил понуда од 20 милиони евра за напаѓачот на Рома, Тами Абрахам, објави Џанлука Ди Марцио.
Руските гиганти, исто така, подготвиле тригодишен договор за Англичанецот, со плата од 5 милиони евра по сезона, но според информациите, самиот играч нема желба да замине во Санкт Петербург и најверојатно ќе одбие таков трансфер.
Абрахам е во сопственост на Рома, но минатата сезона ја помина на позајмица во Милан, кој нема да го задржи трајно, иако одигра 45 натпревари со 10 гола и 7 асистенции за „росонерите“.
За „волците“, поранешниот играч на Челси има вкупно 120 натпревари со 37 гола и 13 асистенции, но не е исклучено клубот да се раздели од него ова лето. дс
Фото: Архива