• недела, 22 декември 2024

Раиси апелира за дипломатско решение за Сирија

Раиси апелира за дипломатско решение за Сирија
Техеран, 19 јули 2022 (МИА) – Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси на средбата во Техеран со рускиот и турскиот претседател. Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган повика на дипломатско решение за граѓанската војна во Сирија. - Најважно е да се гарантира територијалниот интегритет и да се дозволи сирискиот народ да одлучува за својата политичка судбина, истакна Раиси. Тој додаде дека друга заеднички цел е борбата против тероризмот. Иран, Русија и Турција и во 2017 година во Астана разговараа за иднината на Сирија. Русија и Иран го поддржуваат сирискиот претседател Башар ал Асад, додека Турција е сојузник со опозицијата. Анкара со недели најавува нова офанзива во северна Сирија. ми/

Остани поврзан